Услови за користење

ПОЛИТИКИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Политики за користење на системот за електронска трговија.
Со самиот пристап на интернет страницата на Емк-Илу  и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
 
*Емк-Илу ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.


1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
Емк-Илу ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Емк-Илу не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
 
2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
Емк-Илу ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Емк-Илу за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот на Банката кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.
 
3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Македонска Пошта АД Скопје, Глобко Логистик Скопје, Брза испорака Курир, Карго Експрес, Спиди Деливери на адресата која е наведена во порачката.
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.
 
Поштенските трошоци не се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.
 
4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
Емк-Илу ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

Исто така се врши целосен 100% поврат на средствата на купувачот доколку порано уплатил за одреден курс, обука или настан, а навремено во рок од 15 дена пред почетокот на истиот ни доставил писмено известување/меил дека се откажал или дека нема да присуствува.

Потоа 50% поврат на средства доколку известувањето е 8 дена пред почетокот, а 30% поврат на средства доколку известувањето е на 5 дена пред почетокот на нарачката (курс, обука, настан). Доколку овие рокови не се запазат, се засметува целосниот износ кој е уплатен и нема можност за поврат на уплатените средства, но овозможуваме замена на присуство на пријавенииот учесник за кого била уплатена сума на средства предходно. Замената и пријавата сепак треба да е навремена или барем 1 работен ден пред почеток на предвидениот курс, обука или настан.

За нас

ЕМК-Илумине Центар за ЕУ фондови и ИКТ во образованието, работи во сектори: Едукација и подигање на свесноста за (ИКТ) информациско комуникациска технологија, национални и интернационални настани, работа со млади талентирани ученици и студенти, посебно ИКТ таленти, летни и зимски академии и школи, ЕУ грантови и фондови за стартап, мали и средни компании, иновации и ИКТ во мали и средни претпријатија, ИКТ во енергетиката, ИКТ во животната средина. Се фокусира на развој на погоре споменатите сектори од ИКТ перспектива, особено развојот на ИКТ во образованието.

Повеќе..

Контакт

  • +389 2 311 1445 +32 (0)2 808 55 76
  • +38978385060
  • +389 2 311 7000
  • info@ilumine.mk

Facebook

EMK-ILU Online Shop © 2018. UKION SHOPS