Летна Академија 2018

Летната академија "Иновативни таленти 2018" за млади, во организација на Емк-Илумине Центарот во соработка со своите ЕУ партнери е програма дизајнирана според Европски стандарди за талентирани млади луѓе.

Нуди 3, 5, 7 и 10 дневни практични програми со обуки и предавања и примери од различни области, како што се Информатички и Компјутерски технологии, Претприемништво и Стартап бизниси, ЕУ грантови и Иновации, Дизајн и развој на производи. Овие предавања се основани на експертизата и пристапот на високо стручни странски и домашни експертски и професорски кадри од истите тие области.

Секако, постои посебно прилагодување на програмата за повозрасни учесници кои можат да се пријават под истите услови но ќе имаат дополнителен дел и материјали.

*Сите учесници добиваат сертификат при успешно завршената работа и проверка на знаење на избраниот модул од летната академија кој го посетувале.

Оваа уникатна летна академија ги охрабрува дополнителните таленти на учесниците, кои вообичаено не се негуваат низ нормалната училишна настава, да бидат применети, а со тоа и надградени. Учесниците ќе имаат прилика од прва рака да научат како се креираат идеи во денешните индустрии, како истите се разработуваат и прераснуваат во секојдневен продукт/бизнис кој го користиме, без разлика дали станува збор за креирање на мобилна апликација, веб страница, апарат, машина, возило, уреди, или сл.
 

ЛистаМрежа
Прикажи:
Сортирај по:
Подготовка на апликација за Фондот за Иновации на РМ
-Нациоанлни фондови (подготовка на апликација за Фондот за Иновации на РМ) Практич..
19.500,00 MKD
1ва Рата 1(5) 10дневна Подготовка за Стартапи
-ЕУ грантови (Horizon2020, COSME2020, Erasmus+,) -Нациоанлни фондови (подготовка на апл..
5.275,00 MKD
10 дневна подготовка за Стартапи
-ЕУ грантови (Horizon2020, COSME2020, Erasmus+,) -Нациоанлни фондови (подготовка на апл..
26.375,00 MKD
7 дневна подготовка за Стартапи
-ЕУ грантови (Horizon2020, COSME2020, Erasmus+,) -Нациоанлни фондови (подготовка на апл..
19.500,00 MKD
5 дневна Подготовка за ЕУ грант
Практична тренинг обука за ЕУ фондови со вклучен транспорт и полн пансион (ноќевање и д..
14.050,00 MKD
3 дена Подготовка за ЕУ грант
Практична тренинг обука за ЕУ фондови со вклучен транспорт и полн пансион (ноќевање и д..
9.450,00 MKD

За нас

ЕМК-Илумине Центар за ЕУ фондови и ИКТ во образованието, работи во сектори: Едукација и подигање на свесноста за (ИКТ) информациско комуникациска технологија, национални и интернационални настани, работа со млади талентирани ученици и студенти, посебно ИКТ таленти, летни и зимски академии и школи, ЕУ грантови и фондови за стартап, мали и средни компании, иновации и ИКТ во мали и средни претпријатија, ИКТ во енергетиката, ИКТ во животната средина. Се фокусира на развој на погоре споменатите сектори од ИКТ перспектива, особено развојот на ИКТ во образованието.

Повеќе..

Контакт

  • +389 2 311 1445 +32 (0)2 808 55 76
  • +38978385060
  • +389 2 311 7000
  • info@ilumine.mk

Facebook

EMK-ILU Online Shop © 2018. UKION SHOPS